Во изјавата што директорот и гинеколог во струшката болница доктор Мухамед Асани ја дал пред членовите на Лекарската комора, навел дека родилката – на која ѝ биле отстранети матка, бубрег и јајник – ја породил со машко бебе, иако всушност, бебето е женско.
Ова се вели во извештајот од спроведениот стручен надзор на Лекарската комора, за случајот со трудницата од Дебар Јалдз Веапоска, до кој дојде Слободен печат.
Во извештајот пишува дека кај родилката настапило крварење од артерија на левата страна, па затоа морале да го вадат и бубрегот, наведено е во извештајот од Лекарската комора кој содржи 10 страници“, пренесува Слободен печат.