УЧК е третото најдобро нешто што и се случило на Македонија, тврди Ранко Србаковски, активист на социјалните мрежи и симпатизер на СДСМ.
Србаковски кој е познат како еден од најголемите критичари на ВМРО-ДПМНЕ на Твитер тврдењето го дава по промоцијата на кулата на УЧК во Слупчане.
Тој вели дека Македонија во 2001 година го загубила конфликтот со борци за човекови права а не со терористи и криминалци (Според шефот на НАТО Џорџ Робертсон) кои во своите првични коминикеа се бореа за освојување на ,,славомакедонски територии”.
,,После поразот во војната против албанските борци за човекови права, Македонија од банана држава која потенцијално ќе станеше диктаторска вукојебина, застана на патот на секоја нормална демократска држава која сака да обезбеди пристоен живот за сите”, пишува Србаковски на Твитер.
УЧК е третото најдобро нешто што и се случило на Македонија.
— Ранко (@Srbak) May 3, 2022
Во конфликтот загинаа стотина припадници на македонските безбедносни сили и цивили и стотици припадници на УЧК.
Србаковски вели дека сега е се како што треба затоа што ДУИ било копчето за рестарт на Македонија и навредува над половина милион луѓе што гласале за ВМРО-ДПМНЕ на избори кои ги нарекува ,,глупа долна каста”.
,,Мислам, диктаторска вукојебина моментот сепак дојде, одлучија дека вмро е подобрата партија за тоа затоа што членството им се од глупата долна каста на општеството, ама битно се инсталира рестарт копчето кое се вика ДУИ. И сега се си оди по супер ред како треба.
Србаковски на јавноста и стана познат кога направи расистички испад откако беше ретвитнат од американската амбасада во Скопје.
„Калето“ го ретвитна, а тој расистички ги нападна Афроамериканците и Ромите