Славески: Претходната влада на Заев остави тешко наследство

„Се наоѓаме во тежок период, тешко наследство остава претходната влада на чело со господинот Заев, многу нерешени прашања, до максимум зголемена поларизација во општеството, меѓу граѓаните, политичките субјекти, неснаоѓање како одговор на кризите- здравствената, енергетската криза и слично. Така што постојат објективни причини, со спортски жаргон речено, еден вака неуигран тим да се носи со тие проблеми, а од друга страна виси и легитимитетот“, вели Трајко Славески, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Славески вели дека резулатите на локалните избори потврдија дека мнозинството граѓани не се согласуваат по политиките и на локално и на централно ниво на сегашната композиција на владата, без разлика дали кон неа се приклучила некоја помала партија за да го зачува мнозинството.


„И мислам дека тој јавен притисок за нерешени проблеми постојано ќе се зголемува во јавноста и ќе биде најдобро решение да се одржат предвремени парламентарни избори во текот на 2022-та“.

Во интервјуто тој изнесува мислење дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка која нема да го ублажи ударот врз граѓаните…