Поранешниот министер за финасии и сегашен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,Трајко Славески, смета дека не е погоден моментот за нова даночна реформа заради неколку причини.

„Прво соочени сме со голема неизвесност, ние не знаеме што ќе се случи, како македонската економија ќе се снајде во наредниве неколку 4 месеци претстојната зима затоа што најавите со енергетската криза не се воопшто поволни“’ рече Славески во синоќешното гостување во дебатната емисија на Телевизија 24.

Како второ – смета Славески – хендикеп е да се прави реформа кога немате поддршка од значителни фактори во општеството. Сега стопанските комори се изречито против ова што го предлага министерството за финансии“.

Славески потенцираше дека потребни се дополнителни средства а тие можат да се обезбедат „ако се зајакне финансиската дисциплина, товарот да не паѓа на оние кои редовно плаќаат даноци туку да се прошири даночната основица на тој начин оние што не плаќаат и наоѓаат дупки во законот да плаќаат повеќе даноци, борбата против сивата економија и во краен случај она што и ќе мора да се направи, штедење на расходната страна од буџетот….“