Слаб интерес за работа за „Бехтел и „Енка“: За 2.000 места, 360 пријави

Ова го потврди премиерот Димитар Ковачевски денеска на одбележувањето на почеток на градба на делницата Прилеп-Битола, како дел од Коридорот 10д.

Како што кажа во моментов на конзорциумот „Бехтел и Енка“ му се потребни најмалку 2.000 работници, а досега се пријавиле само 360 македонски граѓани, што е малку.

Тој додаде дека во текот на продолжување на градбата на автопатските делници, потребата од работници ќе се искачи до 8.000 работници на патните правци кои што ги работи „Бехтел и Енка“.

„Бехтел и Енка“ ќе гради четири делници од коридорите 8 и 10д – Гостивар-Букојчани, Тетово-Гостивар и Требешништа-Струга-Ќафасан Прилеп-Битола, за 1,3 милијарди евра и треба да бидат готови за помалку од 5 години.