Министерот за надворешни работи Бујар Османи со видео обраќање почнато на бугарски јазик ѝ го честита на Бугарија националниот празник Ден на ослободувањето, кога пред 144 години бил потпишан Санстефанскиот мировен договор со кој речиси цела Македонија влегла во составот на проширената бугарска држава или Голема Бугарија!

„Најсрдечни честитки до Генчовска (министерка за надворешни работи на Бугарија – н.з.) за Националниот ден на Бугарија. Уверени дека нашите односи ќе продолжат да растат, во интерес на нашите граѓани и на нивната заедничка иднина во Европската унија“, вели Османи во својата честитка на Твитер.

Санстефанскиот мировен договор е договор помеѓу Руското и Отоманското царство склучен на крајот од меѓусебната војна во 1877-1878 година, потпишан на 3 март 1878 во селото Сан Стефано кај Истанбул. Со него територијата на Бугарија се протега меѓу Дунав и Стара Планина, Пирот, Врање и долината на Морава, речиси цела Македонија, вклучувајќи ја и Егејска, како и делови од денешна Албанија (Корча, Поградец, Пешкопеја), како на картата:

Австроунгарија, Британската империја и Франција не биле задоволни со проширувањето на влијанието на Русија, а Србија и Грција од воспоставувањето на Голема Бугарија. Тоа довело до потпишување нов мировен договор само неколку месеци подоцна, на Берлинскиот конгрес во јуни и јули 1878 година.