Новогодишните, а по нив и божиќните празници, се највеселиот период во годината, кога сите граѓани имаат посебно празнично расположение, но дали тоа ќе го почувствуваат скопјани годинава или градот Скопје ќе биде во мрак, останува мистерија. И покрај економската и енергетската криза и големите мерки на штедење, повеќето градови во светот сепак најавија дека ќе им овозможат на своите граѓани да ја почвуствуваат оваа празнична атмосфера. Скопските општини, за разлика од Градот Скопје, и во криза, наоѓаат алтернативни решенија за сепак да се почувствува празничната атмосфера.
Уште пред неколку дена се обидовме да стапиме во контакт со градоначалничката Данела Арсовска и нејзиниот кабинет, и прашавме какви се плановите на Градот во врска со украсувањето на плоштадот Македонија, како и скопските улици, дали е во план некоја новогодишна програма и дали оваа година ќе биде организиран „Винтерленд“, но за жал не бевме удостоени со одговор на ниту едно од тие прашања – пишува Плусинфо.
Градоначалничката Арсовска и лани ги остави скопјани до последен момент во неизвесност што точно ќе се случува. Ветуваше дека Скопје „нема да биде тажен“ град, откако го раскина договорот со компанијата „Линк медиа плус“, со која екс-градоначалникот Шилегов имаше потпишано договор во вредност од 240.000 евра. Потоа истата фирма беше ангажирана бесплатно да го стори тоа, иако украсувањето на градот беше најавено на 10 декември, тоа доцнеше повеќе од една недела, при што беше накитен градскиот плоштад и неколку улици околу него, па скопјани на социјалните мрежи реагираа за изгледот: „Мрачно“, „Тмурно“, „Катастрофално“, „Како да не е Нова година..“, „Можеби бесплатното украсување е невидливо“. Доцнеше и популарниот „Винтерленд“, новогодишниот базар на кој скопјани уживаат во предновогодишните денови, а во „5 до 12“ три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата година на плоштадот „Македонија“ на кој настап имаа домашни изведувачи.
За разлика од Арсовска, повеќето скопски градоначалници со кои разговараше Плусинфо, веќе имаат планови на кој начин ќе ги анимираат или ќе им помогнат на жителите од нивните општини. Првиот човек на Аеродром, Тимчо Муцунски ни одговори дека поради економската и енергетската криза Општината не планира да ги украсува улиците и плоштадите туку ќе организира настан предновогодишна забава „Најмладите за Аеродром“.
Целиот текст на следниот линк:
https://plusinfo.mk/e-svetne-li-na-danela-da-go-ukrasi-skop-e-pred-nova-godina-skopskite-opshtini-e-shtedat-ama-ne-gi-ostavaat-skop-ani-bez-radost/