Граѓани на социјалните мрежи прашуваат што се случува со фонтаните во центарот на градот кои се прекриени и сеуште не се пуштени иако веќе дојде месец Мај.
„Велигден е. Уште неколку дена ќе дојде месец мај. Градот врие од туристи, поготово за време на викенд. Фарса е да се има прекрасни фонтани и на температура над 20 степени тие да не работат. Странците се шетаат, сликаат, прашуваат зошто има мушами, а нема вода. Од каде оваа автодеструктивност, не ни е јасно. “