Полицијата од шпанската провинција Сорија идентификува три странски компании со регистрирани канцеларии во Македонија и во Бугарија, како одговорни за кривично дело измама со дупликат кредитна картичка.
Криминалот бил пријавен во јули минатата година од компанија од Сорија, откога ги проверила трошоците направени од кредитна картичка во вредност од 3.500 евра за гориво на бензинска пумпа во Фигуерес (Жирона).
Од регистарските таблички на камионите што точеле гориво е утврден идентитетот на три странски фирми кои имаат регистрирано седиште во Скопје (Македонија), како и во Ќустендил и Петрич (Бугарија).
Шпанската полиција продолжува со истрагата за целосно идентификување на луѓето кои ги употребиле камионите што им припаѓаат на наведените компании и кои се сторители на кривичното дело измама.