На скопските улици вчера беа казнети дури 200 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.
Покрај овие, сообраќајната полиција напишпа и осум казни за возење без возачка дозвола, две санкции за затемнети стакла, две мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за некористење сигурносен појас, како и казни за друг вид на прекршоци.
Вкупно биуле изреќени 334 казни.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
