Скопје е банкрот заради тендерите на Арсовска, СДСМ и ДУИ, возвраќа ВМРО-ДПМНЕ

По обвинувањата од Бихаќка дека за една година ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела за една година го довеле Скопје пред банкрот, од опозициската партија велат:

„СДС да не глуми изненаденост. Градот Скопје е жртва на нивниот криминал. Секогаш кога ќе зборуваат за банкрот нека се сетат дека нивниот директор на ЈСП потпиша договор за набавка на гориво од над 20 милиони евра без рабат, а штета за градот само по таа основа е над 1 милион евра.


СДС и ДУИ, заедно со Левица ги управуваат сите градски претпријатија. Хаосот во градот е пред се заради нивната неспособност за менаџирање.

СДС, ДУИ и Левица заедно со Арсовска го уништуваат Скопје, и буџетот на градот го користат исто како и буџетите на другите институции кои ги управуваат за крадење.

Одговорност ќе има за сите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.