Скопјани се збогуваа со музичката легенда Ѓорѓе Балашевиќ

Како и во повеќе други поголеми градови во поранешна Југославија, вечерва и скопјани се простија со музичката легенда Ѓорѓе Балашевиќ.

Неговите македонски обожаватели се збогуваа со својот идол на платото пред Универзалната сала, во која српскиот кантавтор одржа десетици незаборавни концерти.

Балашевиќ почина вчера на 67-годишна возраст на Инфективната клиника во Нови Сад од Ковид-19.