Скок во темна вода: Царовска воведува печатени учебници без никаков тест

Без било какви податоци или тестирања околу дигиталните компетенции на учениците во македонското образование (а воедно и наставниците), се носат урнебесни „дигитални реформи“. Фигуративно кажано, овие реформи се скок во темна вода, објавува професорот Атанас Кирјаковски.

Професорот кој докторирал во Јапонија минатата недела објави кратка студија за дигиталното образование која од темел ја разниша позицијата на министерката за образование и наука во врска со дигитализацијата на образованието.

Кирјаковски објавува глобална мапа на која се гледа дека во Македонија не се спроведени никакви тестови врз основа на кои може да се преземат мерки бо правец на дигитализација.