Речиси 5 илјади тони слива скапува на нивите во радовишко, регион кој е најголем производител на слива во државата. Според земјоделците кои вчера излегоа на протест и го блокираа регионалниот пат Радовиш – Струмица поради немањето на откуп тоа е половина од годинешното производство.
Сливата прво откупувала по 8 денари за килограм, што е нерентабилно, за подоцна откупот целосно да запре.
Сливите минатата година се продавала и за 20, па дури и за 24 денари од килограм, а откупот бил навремен и целосен.
Подетално од прилогот на „Сител“.