Неделникот Фокус открива дека во Македонија од Италија, Албанија и Бугарија се увезува забранет и штетен отпад кој овде со согорување го предизвикува загадувањето на воздухот од кој илјадници луѓе секоја година се во критична здравствена состојба.

“Додека институциите се плашат да го разбуричкаат ѓубрето, доброупатен извор за „Фокус“ открива како под превезот на легалното, се увезува забранет отпад. Рутата е следна, ѓубрето излегува од Италија, во Бугарија и Албанија станува суровина, а потоа стасува во Македонија”, пишува неделникот.


Извор Фокус.мк