Македонски софтвер инжинер кој работи во Виена открива скандалозна информација според која страницата на која е поставена платформата преку која ќе се работи македонскиот попис е изработен од фирма од соседна Бугарија.
“Страната https://t.co/6TCwHTCWPJ за #попис2021 е изработена од компанијата @ScaleFocus, што му е седиште во #Бугарија и CEO e Иван Иванов. Баш од една Држава што ја блокира #Македонија кон #ЕУ. Како не вие е срам @SDMMakedonija?”, прашува Марио Трајкоски.
Софтвер инжинерот Трајкоски е основач на повеќе софтверски фирми и важи за сериозен професионалец кој точно знае какви опасности носи давањето на македонското пребројување на странска држава која не блокира на патот кон ЕУ.
Посебно прашање во овој контекст е и зошто македонски софтвер компании и инжинери кои важат за успешни и на меѓународен план не ја добиле оваа зделка која е важна и од безбедносна и највисока државна важност.
Доколку некој сака да пристапи кон страницата во моментов ќе добие известување дека е забранет пристап од Македонија а дозволен е само од странство што може да е поврзано со почетокот на пописот за македонските државјани во странство.
Она што е шокантно е информацијата за бугарска софтверска контрола на македонскиот попис во моменти кога официјална Софија тврди дека во Македонија има околу 100 илјади Бугари и дека сите што ќе се попишат како Бугари ќе може полесно да дојдат до бугарски пасоши.