Скандалозно: Премиерот (не)сакајќи откри тешко кршење на законите од македонска тајна служба (ВИДЕО)

Во интервју за емисијата 360 Степени на Алсат М премиерот Димитар Ковачевски со умисла или без да размисли објави скандалозно откритие според кое дека една државна агенција за безбедност излегла од уставните и законските рамки.

Според премиерот петтемина руски дипломати кои беа прогласени за непожелни од Македонија пред неколку дена биле избркани од земјава затоа што МНР добила такви сознанија од Агенцијата за разузнавање.

Според законот за Агенцијата за разузнавање таа може да дејствува само надвор од Македонија и со следење на луѓе го случајов дипломати во земјава го прекршила законот.

Безбедносна служба која треба да се грижи за безбедносни закани на територијата на Македонија е Агенцијата за национална безбедност (АНБ) која требала да ги следи и да предупреди на активностите на руските дипломати спротивни на Виенската конвенција.

Дали има системски проблем во функциинирањето на двете најмоќни тајни македонски служби и зошто АР незаконски го презела мандатот на АНБ засега нема никакво објаснување од владата.

По изјавата на Ковачевски на потег е Комисијата за надзор на службите за безбедност во Собранието која мора да провери зошто Агенцијата за разузнавање излегла од законскиот мандат и да побара одговорност за кршење на законите од страна на надлежните.

Со изјавата на Ковачевски се засилуваат дилемите дали Агенцијата за разузнавање која е под команда на претседателот Пендаровски и во други наврати спроведувала активности на територија на Македонија што не и е дозволено според законот затоа што во него експлицитно е наведено дека таа своите информации ги прибира од странство.

Според законот за АР како цел на Агенцијата во Член 2 прецизно се наведува:
,,Заради заштита на националната безбедност на државата, економските и политичките интереси на државата, независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот, загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, Агенцијата собира разузнавачки информации за закани и ризици од странство“.

Изјавата на премиерот на оваа тема од 21 до 23 минута во видеото на 360 Степени.