Според најновата логика на македонските власти во земјава може да се регистрираат невладини со имиња на докажани соработници на Хитлер и Мусолини но не и организации кои во своето име го имаат зборот Македонија.
Вицепремиерот Бојан Маричиќ додека бил министер за правда не дозволил регистрација на невладина организација затоа што таа во своето име го содржела името Македонија.
Според документите до кои дојде expres.mk Маричиќ во решение со кое се забранува регистрација на организација која сака да го има во името зборот Македонија тврди дека по Преспанскиот договор сите организации кои што се регистрираат мораат да го имаат целото име на државата Република Северна Македонија.
Ова скандалозно решение на Маричиќ задутре ќе биде тема на судење во управниот суд каде ќе се решава дали Маричиќ го прекршил законот и неовластено забранил регистрација со името Македонија.
Во документите со потпис на сегашниот вицепремиер Маричиќ има повеќе скандалозни објаснувања.
Уверете се сами од документите кои ги објавува expres.mk
Последна вест
Не било баш така како што мислат плаќачите
на струја велат од австриската компанија
ЕВН: Граѓаните не ги плаќаат сите загуби на мрежата, имаме загуба од 20 милиони евра само за 2022