На 20.04.2021 Владата донела заклучок да се зголемат надоместоците на членовите на Управниот Одбор на Фондот за здравство, на претседателите од 12.000 на 18.000 а на членовите од 10.000 на 15 000.
Три месеци подоцна поради кризата на 30.07.2021 владата носи нов заклучок со кој се поништува тој од 20 Април и им се укажува на сите институции од јавен сектор да се вратат на старите хонорари.
Членовите на УО на Фондот за здравство овие пари ги земаат посебено од платите или пензиите кои ги добиваат таму каде што се вработени.
Но УО на Фонд за здравство не постапува по заклучокот од влада и до ден денеска членовите се уште земаат повеќе од што смеат согласно владината одлука.
Најмногу според незаконската одлука, 18.000 денари, добива претседателот, 17.000 заменикот на УО и по 15.000 членовите на управниот одбор.
Ако се провери на алатката ,,Отворени финансии” (Open finance) и кога ке се внесат имињата на членовите се гледа кој колку пари зема секој од членовите и на кој датум.
Кои се членовите на УО кои повеќе од една година добиваат повеќе пари од што смеат односно народски кажано го крадат државниот буџет:
Претседател на УО
Дејан Николовски, претставник од Министерството за финансии
Заменик на претседателот
д-р Арбен Љабеништа, претставник од Министерството за здравство
Членови:
д-р Љубиша Каранфиловски, претставник од Сојузот на синдикатите на Македонија
д-р Димитар Димитриевски, претставник од здружението на пензионерите
проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, претставник на осигурениците
д-р Тања Дејаноска, претставник од коморите на стопанствениците
дипл. фарм. спец. Маја Ковачева, претставник од Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката комора на Македонија
Уште поскандалозно е што претседателот на УО Дејан Николовски е од министерството за финансии и тој најмногу треба да се грижи за финансиската состојба на институциите.
Инаку Николовски е државен советник за јавен долг и учествува во одлуките со кои се задолжува државата.
Николовски со добивање на повисок надоместок од тој што го предвидува владата придонесува за расипничко трошење на парите со кои токму преку него ги позајмува преку министерството за финансии.