Скандалозниот професор кого Шеќеринска го плаќала за партиска пропаганда со државен хонорар е член на комисија на Пендаровски

Професорот Темелко Ристески кој од министерството за одбрана, кога го водеше Радмила Шеќеринска, добивал огромни пари за да прави партиска пропаганда за СДСМ се уште е ангажиран од страна на претседателот Пендаровски како член на комисијата за помилување во неговиот кабинет.

Во извештајот за тоа што сработил за ,,мрсниот хонорар” од одбрана Ристески самиот докажува како за државни пари во Македонија се води партиска пропаганда.

Во текст со наслов ,,ТЕМЕЛКО ОДЛУЧУВА КОЈ ДА БИДЕ ПОМИЛУВАН!”, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски открива најнов скандал со Ристески и вели дека ,,случајот Темелко што зема 9.000 евра од буџет за одбрана за да стиска лајкови и пишува партиски статуси воопшто не е наивен скандал. Ниту неговата дрскост и признание е наивност или простодушност; слика за случаен “чичко” ангажиран од СДСМ да пишува статуси и да “лајкува” на Фб”.

,,Темелко Ристески две години е ангажиран и платен во Одбрана, а три години заедно со Љубомир Јовески, републичкиот Јавен обвинител, е дел од Комисијата за помилување кај “самомислечкиот” Стево Пендаровски! Комисија којашто одлучува кои нинџи и самураи да бидат наградени за послушноста кон диктатурата!

Дрскоста на Темелко во неговото признание за извештајот, официјален документ во Министерството за одбрана, за партиски активизам, дрскоста да се признае дека државниот апарат, администрацијата е злоупотребувана во партиски предизборен систем, лежи во фактот дека Темелко е длабоко вграден во партизираната машина, важен “штрав” во диктатурата!

Темелко јавно дрско ви се смее во очи за вистината во содржината на неговиот Извештај, уживајќи во позицијата заедно со Јовески обвинителот, да одлучуваат за судбините на луѓе, како Комисионери за помилување!

Темелко најдрско покажува колку се чувствува безбеден во својата неказнивост, односно дека ништо нема да биде преземено за ова грубо кршење на законот и демократијата!
Ова е сликата за правдата и правата во Македонија со СДСМ!

Темелко со удбашките рапорти во Одбрана за 9.000 евра, заедно со Јовески од прислушуваното обвинителство, ја сочинуваат комисијата за помилување! А Јовески, другарот на агентот Темелко, сега го местат за “највисоко”!

“Темелко” е Темел на диктатурата! Случајот МОРА да биде основа за длабока истрага и расчистување со раширената партиска агентура низ државните институции!

Секако, Јовески тоа не верувам дека ќе го стори! Сепак се “Другари од Комисијата”!

Ниту очекувам Пендаровски да го исклучи од Комисијата; сепак партиското игра голема улога во одлучувањето”, пишува Стоилковски за скандалот кој уште еднаш понкиинзнсе кој пат докажува колку е партизирана македонската држава.