Министерството за образование објавило тендер за набавка на учебници за учениците дури на 14 Јули кога на страната на порталот Јавни набавки е објавен јавен повик за престојната учебна година која почнува за 20 дена.

Тендерот трае до 12 август , а поради викендот ефективно до 15 август нема да може да продолжи процесот на набавка.


Со тоа се случува еден од најголемите скандали во историјата на МОН затоа што никогаш порано ваква набавка не се случувала толку доцна.

Причините за скандалозно доцната набавка според извори во МОН се обидите на високи владини службеници да ги елиминираат од набавката сите сериозни играчи на пазарот на овој специфичен вид услуги.

Набавката точно гласи:

Вид на договорот
Вид на постапката
Датум на објава
Краен рок
Документи
11825/2022
Министерство за образование и наука Јавна набавка за превод, лектура, стручна редактура , графичко и техничко уредување, печатење и дистрибуција на учебниците за основно и средно образование за учебната година 2022/2023

Извори во компании кои со децении работат на ова поле тврдат дека се случува невиден скандал кој граѓаните и медиумите зафатени со летни одмори не можат да го видат.

Освен скандалозното доцнење на учебниците во прашање е и корупција во комбинација со неспособност да се организира образованието тврдат вработени во Министерството за образование.

Дека е сосема можно најмалку до почетокот на учебната година а можеби и до ,,тромесечието” дел од учениците да немаат учебници вчера призна и министерот за образование Јетон Шаќири кој вели дека е оптимист но дека сепак наложил за дел од учениците да се подготват ,,материјали” наместо учебници за првите три месеци од учебната година.

„Јас се залагав да имаме и учебници во печатена форма, не само во дигитална. Печатени учебници ќе има за децата од трето, шесто, седмо, осмо и девето одделение и тие ќе бидат според старата концепција. За второ и петто одделение во фаза на избор се економските оператори, а во тек е процедурата за одобрување на некои од учебниците. Се надевам дека ќе бидеме подготвени за првооделенците. Сепак, имаме дваесетина дена до почетокот на учебната година и очекувам работите да си дојдат на свое место. Заради секоја евентуалност, со Бирото за развој на образованието изработен е подготвителен материјал за првите три месеци”, изјави синоќа министерот Шаќири за телевизијата Сител.

Министерот Шаќири не открива зошто тендерот е објавен дури на средината на јули кога сите знаат дека тоа е предоцна.

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices