Италијанскиот весник на Ла Верита во денешниот број излезе со наслов : Скандал во Скопје, Тендер за „Леонардо“, циганите како нас, посветен на аферата за договарање тендер во М-НАВ во кој, според „протечена“ аудио-снимка, е вмешан и генералниот секретар на владата, Драги Рашковски.
Во поднасловот стои: Поради порамнување на сметки, пуштени се нелегални прислушувања. Ген-секот на Заев , размислува за малверзации и финти со документите. Жртва – Плоштад Монтеграпа (тоа е седиштето на фирмата „Леонардо“)
Текстот е илустриран со фотографија на Зоран Заев под која пишува – економист, а не премиер.
Да потсетиме, 18 октомври 2018 година Генералниот секретар на Македонската Влада Драги Рашкоски заедно со претседателот на управниот одбор на М Нав Николче Тасески и шефот на кабинет на министерот за транспорт Митко Тајчулески договараат понуда за јавна набавка за нов АТМ систем за контрола на летање од италијанската компанија „Леонардо“.
Вкупната сума на набавката е 7 милиони евра, финансирани од ЕБРД. Иако знаат дека компанијата не ги исполнува целосните критериуми тие ја добиваат набавката.
Во разговорот се употребуваат и расистички коментари за луѓето од Италијанската“ фирма…