Во Музејот на град Скопје во тек е скандал во кој дела на македонски уметник се исфрлени од изложба заради зборот северна.
Извори во музејот кои не се согласуваат со менаџментот тврдат дека уметник кој учествувал на проекти на институцијата сега е елиминиран од изложба затоа што направил дело во кое не ја признава ,,северна” како место каде што со успех можат да творат македонските уметници.
Expres.mk веќе го пронајде уметникот кој одбива цензура и не сака да го смени своето дело за да добие можност да учествува на изложбата.
Неговите ставови за уметноста и Македонија ќе ги објавиме веднаш по разговорот со него.
Директор на Музејот на град Скопје е Панче Велков кадар на Левица која официјално е против Северна но во случајов користењето на новото име е проблематично за партијата на Димитар Апасиев која санкционира македонски уметник кој не сака да прави компромиси со Македонија.
Последна вест на темата
Цензурираниот уметник за ,,северна” дефинитивно елиминиран од изложбата на Музеј на град Скопје
Најчитани вести
Кога прорускиот гол крадец вриска:,,Држете го прорускиот крадец”