Првостепениот граѓанки суд во Скопје го осудил новинарот Љубомир Гајдов за клевета изречена против професорот Љубомир Д. Фрчкоски.
Ова вчера вечер го објавил порталот Либертас.
“Гајдов изјави дека некој до американците му рекол дека тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Fрчкоски е организатор на атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.
Ова Гајдов го кажа по повод промоцијата на книга на Стојан Андов и го пренесоа повеќе медиуми”, пишува порталот.
Доајенот на македонското новинарство Љубомир Гајдов денеска за expres.mk вели дека објавата на Либертас е скандалозна затоа што ниту тој ниту неговиот адвокат Ѕвонко Давидовиќ не се информирани од судот за пресудата.
Не може да објасни зошто пресудата е објавена прво од медиум а тој и адвокатот да немаат информација за неа.
Ваквата пракса укажува на можни нечесни и незаконски комуникации меѓу судот, тужителот и медиумите кои што го уриваат и онака лошиот имиџ на македонското правосудство, вели новинарот Гајдов.