Скандал: Тајни македонски агенти на државна сметка полагаат за возење мотор (ФОТО)

Во време кога главната тајна служба е речиси блокирана затоа што не може да избере нов директор и шеф на внатрешната контрол, пет тајни агенти на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на државна сметка полагаат за дозвола за возење на мотори.

АНБ на 28.09.2022 склучиле ТЕНДЕР во вредност од 1500 евра за 5 агенти да поминат обука и полагаат возачки испит за “А категорија” – мотор.

Според набавката објавена на системот за јавни набавки стои дека имало само еден понудувач на услуги кои во нормални околности не смеат да паднат на сметка на АНБ.

Агенцијата за национална безбедност со месеци не може да добие нов директор откако дојде до судир меѓу различни струи во СДСМ и ДУИ.

Најчитани вести

Димовски: Над 50 % од челните функции во правосудството ги контролира ДУИ (ВИДЕО)