Скандал со 10 унапредени јавни обвинители: Имињата познати пред гласање

Македонскиот сервис на германскиот државен медиум Дојче Веле објавува анализа за изборот на 10 јавни обвинители кои вчера ги добија своите унапредувања.

Според Дојче Веле имињата на тие што требаше да бидат избрани вчера биле познати уште завчера.

“Еден ден пред изборот на петте обвинители во Вишото, и уште пет во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, еден медиум ги објави имињата на десетте кандидати кои се очекувало следниот ден да бидат бидат избрани. Медиумот се повика на неофицијални извори, според кои, „имињата на обвинителите биле доставени како свршен чин до Советот на обвинители“. За некои од кандидатите беше наведено дека биле на предлог на СДСМ, а за некои – на ДУИ”, пишува ДВ за скандалозниот избор на јавните обвинители за кој нема соодветно објаснување од тие што ги избрале или само го потврдиле политичкиот избор на обвинителите.

“Сите кандидати за кои медиумот неофицијално добил информации дека се очекува да бидат избрани, вчера и навистина без избрани.

Случајноста точно да се погоди „добитната десетка“ е мала, ако се има предвид дека станува збор за вкупно 46 кандидати, од кои 14 конкурирале за обвинители во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, и 32 конкурирале за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Ацо Колевски, нема одговор како вчерашниот јавен избор на десетте кандидати, можел да биде познат еден ден претходно”, пишува Дојче Веле.

Целата информација на овој линк