Скандал: Фантастични пари за луѓето од надзорот на Бехтел – Енка кој Ковачевски и Груби ги бранат ,,до смрт” (ВИДЕО)

Во најновата скандалозна епизода од познатиот скандал за 22 милиона вредниот тендер кој владата го брани како да е божество 360 Степени на Алсат открива неверојатни суми кои треба да ги земат луѓето кои се дел од проектот.

Според најавата на емисијата 360 степени во игра се фантастични пари за луѓето од надзорот на Бехтел – Енка кои Ковачевски и Груби ги бранат ,,до смрт”.

За тројца преговарачи предвидени се по волшебни 300 илјади евра паушал , инжинер ќе зема 20 илјади евра месечно се вели во најавата на новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ кое се емитува вечерва (13 март 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат.

Според новите детали за спорниот надзор над ,,Бехтел и Енка” – најголем дел од 22-та милиони евра ќе поминат преку анонимната македонска фирма ,,Електра солушнс”, во сопственост на синот на сопственикот на фирма која учествуваше во првиот пропаднат тендер а стотиците страници документи носат до јасен заклучок дека надзорот не е воопшто италијански, туку пред се домашен, се вели во најавата.

,,Вртоглави суми за надзорот над ,,Бехтел и Енка” – за четворица преговарачи за цената предвидени по 300 илјади евра паушал, за четворица надзорни инженери по 20 илјади евра месечно, за геометри – по 5 600 евра месечно”, објави 360 Степени од каде го прашуваат аериканскиот глобален координатор за антикорупција, Ричард Нефју, дали случајот со „Бехтел и Енха“ не ги поткопува заложбите на САД да ја помогнат борбата против корупцијата во Македонија.

Тој вели сите индиции треба да бидат истражени но тоа не се случува.

Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби се упорни дека тендерот е во ред иако знаеле дека Македонија ќе плаќа неверојатни суми пари за работни места кои не се дефицитарни во земјава.