Нови информации за случајот „Империја“ според кои истражителите на Специјалното Јавно Обвинителство пронашле големи финансиски средства на сметки во Кипар.

Според информациите кои се појавија во јавноста попладнево по откритието на СЈО идејата на владата е преку Врховниот суд да му се одземе предметот од СЈО и да го даде на јавното обвинителство да ја води истрагата за него со цел истиот да се забошоти.

„СЈО ги пронашло парите од „Империја“ на Кипар. Заев врши притисок врз Врховен да донеси одлука дека СЈО надвор од законскиот рок поднесле обвинение. Целта е случајот да им се одземе и даде на неспособниот владин полтрон Јовески (Јавен обвинител) со цел ослободување на апашите“, пишува обично добро информираниот профил @macedonus од движењето #бојкотирам на социјалната мрежа Твитер.

Предходно денеска агенцијата Макфакс.мк објави анализа за СЈО во која откри дека во СЈО има раздор меѓу две групи обвинители.

Едната ја предводи Катица Јанева а во другата се Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска.

Според анализите на познавачите истрагата која открила огромни парични ссредства на Кипар е причината за раздорот во СЈО.