,,Сито и решето” од американски државен медиум за Груби и стотина милиони евра сомнителен коцкарски бизнис

Преку анализа која со народен речник претставува,,Сито и решето” американски државен медиум открива каква е врската меѓу вицепремиерот Артан Груби и стотина милиони евра сомнителен казино бизнис кој владата го менува со закон со европско знаменце што е против сите правила на Брисел.

Анализата ја објавува Радио Слободна Европа на македонски јазик, американски медиум кој е финансиран од државата САД со што во балкански начин на анализа може да се претпостави дека официјален Вашингтон испраќа порака до Груби дека ,,Црната листа” на САД може да стане достапна и за него.

Во пренесуваме дел од анализата на Петар Клинчарски во која е гледаат скандалозните врски меѓу Груби, Османи, ДУИ и главните играчи во бизнисот кој тежи стотина во милиони евра:

Игрите на среќа како игра на тронови. Во екот на „битката“ меѓу државата и приватните компании за (пре)власт на бизнисот со обложување и коцкање, РСЕ ги „скенира“ јавните набавки на Државната лотарија. Државна лотарија се фали со зголемен раст на приходите за 2022 година од 32 насто во споредба со 2021. Но, ако се изземат приходите од фирмите – ќерки, всушност е во минус.

Промоцијата и маркетингот на Државна лотарија го работат компании чии сопственици се во блиски релации со сопствениците на издавачките куќи „Арбериа Десигн“ и „Арс ламина“, покажува истражувањето на Радио Слободна Европа.
Компаниите ги добиваат тендерите во временски период кога на чело на Управниот одбор на Државна лотарија застанува Перпарим Бајрами, поранешен вработен во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби.
Покрај Бајрами, уште двајца членови во Управниот и Надзорниот одбор имаат работен бекграунд во министерството на Груби.
Споредбата на вкупните приходи на Државна лотарија во периодот 2022/2021 година, без приходите кои компанијата ги остварува по основ на вложувања во поврзани друштва, односно приходи од исплатена дивиденда, покажува негативни финансиски резултати во работата.
Веќе извесен период, јавноста е сведок на отворената битка на „се или ништо“ помеѓу државата и приватните компании за обложување и коцкање. Во двата бизниси каде се вртат стотици милиони евра годишно, играта на сѐ или ништо се води на две нивоа – „земно“ и „виртуелно“.

Со измените на законот на игри на среќа, чиј предлог е на владата, а ги турка политичката партија ДУИ, се предвидува затворање на сите казина и обложувалници кои се наоѓаат во близина на училиште помалку од 500 метри. За приредувачите на овие игри, ваквото законско решение претставува фасада за скриената намера за целосно затворање на нивните објекти.

Во меѓувреме, државата паралелно се обидува да воспостави и нови играчи на пазарот во интернет просторот, заобиколувајќи ги веќе постоечките, реагираат од Асоцијацијата на обложувалници на Македонија. Државна лотарија објави повик за склучување на договори со заедничко вложување со три нови компании за организирање на онлајн игри на среќа, во кои Државна лотарија ќе има доминантно учество со 51 насто.

Тројца членови на Лотарија блиски до Артан Груби

За работата на Државна лотарија се одговорни Управниот одбор, кој носи одлуки за работата на акционерското друштво и Надзорниот одбор кој врши контрола на материјално – финансиското работење. Работниот бекграунд на тројца од нив упатува на директна поврзаност со вицепремиерот Артан Груби.

Членови на Надзорен и Управен одбор на Државна Лотарија

Во Управниот одбор има четири члена. Претседател е Перпарим Бајрами, заменик претседател е Андреј Крстевски. Другите двајца членови се Христа Најдонов и Шабан Амзовски.

Перпарим Бајрами од шеф на Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, во јануари 2021 година стана член на Управниот одбор на Државна лотарија. Една година подоцна, во јануари 2022 година, Бајрами доби „џек – пот“ позиција, станувајќи генерален директор на акционерското друштво.

Уште еден член од Управниот одбор на Државна лотарија доаѓа од министерството на Груби. Јавните податоци за Шабан Амзовски покажуваат дека со одлука од 4 јуни 2021 година, тој бил вработен во Министерството за политички систем.

Амзовски е избран како помлад соработник за стратешко планирање, креирање на политики и следење во Одделението за стратешко планирање, креирање на политики и следење во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во неговата биографија објавена на сајтот на Државна лотарија, пишува дека претходно во периодот од 2017 – 2020 година, бил на позицијата односи со јавност во Секретаријатот за европски прашања, во тоа време раководен од вицепремиерот Бујар Османи.

Ист ваков документ за вработување за иста позиција како и Амзовски во оваа институција постои и за Башким Авдији. Тој од крајот на април 2022 година е и член на Надзорниот одбор на Државна лотарија. Во Надзорниот одбор заседаваат пет члена.

Во одлуката за избор на кандидати за вработување во Министерството за политички систем објавена на 21 март 2022 година, Авдији добива „зелено светло“ за вработување заедно со Сезар Груби, за кого медиумите објавија дека е роднина на вицепремиерот Артан Груби. За неговиот случај опозицијата обвини за класичен непотизам и партизација на институцијата.

Сопственици на компании кои директно водат до „Арбериа Дисигн“ и „Арс Ламина“

Радио Слободна Европа ги „скенираше“ јавните набавки кои Државната лотарија ги спроведува од почетокот на 2022 година до сега, период од кога друштвото функционира со изменет состав во раководството и го добива новиот генерален директор, Перпарим Бајрами.

Проверката на сопственичката структура на компаниите добитници открива дека голем дел од тендерите ги добиваат фирми кои се блиски или се роднински поврзани со „Арберија дизајн“ и „Арс Ламина“, компании кои нецела деценија, од 2014 година се издавачки куќи со ексклузивни договори за печатење на учебници по наставната програма „Кембриџ“.

На 26 јуни 2023 година, Државна лотарија склучила договор за јавна набавка со „Арбериа десигн“ за сума од 17.700.000 денари или 287.804 евра. „Арбериа десигн“ за период од една година ќе работи на ребрендирање на корпоративниот бренд и рекламна кампања за Државна лотарија.

Оваа компанија во 2015 година беше една од најголемите донатори на политичката партија ДУИ. Минатата година, го доби и тендерот од Министерството за политички систем за организирање на годишнина од прославата на Рамковниот договор.

Радио Слободна Европа испрати прашања до компанијата за тоа „на кој начин ја оправдува коинциденција за тендерите во Државна лотарија да ги добиваат компании чии сопственици меѓусебно се поврзуваат со „Арбериа Десигн“. Одговори не добивме.

Таква компанија е „ДЕМНЕТ ДОО Скопје“. Нејзината сопственичка структура покажува директна поврзаност со „Арбериа Десигн“.

„ДЕМНЕТ ДОО Скопје“ има склучено четири тендери во вредност од 3.422.000 денари или 55. 642 евра. Едниот од нив е за мрежна компјутерска инсталација, додека другите три во иста вредност од 354.000 денари се за системи за видео надзор на продажни места и службени простории на дирекцијата на Државна лотарија.

Компанијата „ДЕМНЕТ ДОО“ е во сопственост на двајцата партнери Ермир Хамзаи и Дашмир Адеми. Компанијата ја регистрирале на 11 мај 2022 година. Неполни четири месеци подоцна, на 12 септември 2022 година, компанијата го добива и првиот тендер во Државна лотарија.

Ермир Хамзаи, всушност, е син на сопственикот на „Арбериа Десигн“, Хасим Хамзаи. Ермир Хамзаи досега не бил јавно експониран како неговиот татко. Неговото име и презиме, сепак, може да се најде и во документи за јавни набавки во кои „Арбериа Десигн“ склучувала договори со институциите.

Името на Ермир Хамзаи се појавува заедно со неговиот татко, Хасим Хамзаи како претставници на „Арбериа Десигн“ во набавка со Јавното претпријатие за Железничка инфраструктура во мај 2023 година
Името на Ермир Хамзаи се појавува заедно со неговиот татко, Хасим Хамзаи како претставници на „Арбериа Десигн“ во набавка со Јавното претпријатие за Железничка инфраструктура во мај 2023 година
Дашмир Адеми, исто така бил дел од издавачката куќа. Во напис на порталот „Призма“, Адеми во 2018 година раководел со скопската канцеларија на „Арбериа Десигн“.

На веб -страницата на „Арбериа Десигн“ пишува дека канцелариите во Скопје се наоѓаат на улицата 50 девизија бр. 21 / Лок. 2. Всушност, тоа е истата адреса каде Ермир Хамзаи (синот на газдата на „Арбериа Десигн“) и Дашмир Адеми ја регистрирале компанијата „ДЕМНЕТ ДОО“, покажуваат податоците од Бизнис мрежа.

Покрај тендерите во Државна лотарија, „ДЕМНЕТ ДОО“ има добиено и еден тендер во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во вредност од 233.640 за одржување на систем за евиденција за работно време.

Радио Слободна Европа телефонски се обрати до Ермир Хамзаи. Ни побара прашањата да ги доставиме во електронска форма, но, одговори не добивме.

Податоците од Бизнис мрежа покажуваат дека „Литера Гроуп ДООЕЛ Скопје“ е компанија регистрирана на 14 ноември 2017 година. Од формирањето на компанијата до сега, како единствен сопственик се води Афет Иљази од Тетово. Медиумските записи покажуваат дека во 2021 година бил уредник во издавачката куќа „Арбериа Десигн“. Своевремено, Иљази бил и лице за контакт во тетовската издавачка компанија во тендерските постапки.

Во 2018 година, Афет Иљази се појавува како лице за контакт во тетовската фирма „Арбериа Десигн“, каде сопственик е Хасим Хамзаи.
Во 2018 година, Афет Иљази се појавува како лице за контакт во тетовската фирма „Арбериа Десигн“, каде сопственик е Хасим Хамзаи.
„Литера Гроуп“ има добиено седум тендери во Државна лотарија. Првиот добиен тендер датира од 31 август 2022 година. Вредноста на седумте склучени договори изнесува 17.464.000 денари или 283.967 евра.

Најголемиот склучен договор е во вредност од 7.080.000 денари или 115.121 евра за печатени и брендирани материјали за поддршка на продажбата и промотивните активности на Државна лотарија. Другите јавни набавки на кои компанијата победила се генерално од истата област – промотивни, брендирани и канцелариски материјали, услуги од маркетинг агенција, организација и изведба на промотивни настани.

Поврзана вест

Врз основа на анализата на американскиот медиум лесно може да се претпостави каде завршуваат огромните пари

Луѓе на Груби и Ковачевски ја водат најнеуспешната државна лотарија на светот

Целата анализа со сите документи на Петар Клинчарски на овој линк

https://www.slobodnaevropa.mk/a/tenderi-vo-drzhavna-lotarija-za-bliski-i-rodnini-na-arberia-i-ars-lamina-/32626122.html