Сител: „Доброволците“ во Украина ќе добијат украинско државјанство

Заменик украинскиот министер за внатрешни работи Јевхен Џенин изјави дека странските државјани кои доброволно ќе се борат за Украина, а се споменува бројка од 16.000 „доброволци, ќе имаат право на украинско државјанство, јави „Сител“.

-Украина формира меѓународна легија за територијална одбрана составена од странци кои сакаат да се приклучат на отпорот против руските агресори и да ја одбранат глобалната безбедност, објави Укринформ.

„Овие луѓе ќе потпишат договор, ќе добијат воен пасош, кој потоа ќе им ја замени дозволата за престој. Во иднина, ако некој од овие странски државјани сака да стане украински државјанин, нашето законодавство ќе му го дозволи тоа“, рече Џенин.