Сите во Њујорк – во земјава остана само Талат Џафери

На 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, освен претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, во делегацијата се и вицепремиерите Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ, како и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Со Пендаровски во Њујорк заминаа и 10 членови на неговиот кабинет, а премиерот е придружуван од лица од неговиот кабинет.


Османи во Њујорк е придружуван од петмина вработени во Министерството за надворешни работи.

Од тројцата претставници на државниот врв само собранискиот спикер Џафери е во Македонија, констатира Фокус.