„Сите ја плаќаме, и скапата но и евтината тарифа од делот на украдената струја“, велат од копанијата ЕВН за порталот МКД.МК.
На прашањето дали се веќе евидентирани точни адреси и лица кои крадат струја и дали ќе бидат поднесени кривични пријави против нив, од компанијата велат дека досега тоа не биле во можност да го сторат, затоа што „не им давале“, но дека сега напорите одат во подобар правец.
Бектеши: Арачиново е дискриминирано
Деновиве на терен немаме проблем, велат од ЕВН и додаваат дека најпрво ќе треба да се направат записници за констатираните состојби, со прецизни податоци откако точно ќе се евидентираат местата каде се краде енергија.
Со 6 милиони евра загуба на струја, главно украдена енергија, што претставува 80 проценти од испорачаната струја, Арачиново е на првото место на неславната листа во Македонија, велат за МКД.мк од ЕВН Македонија.
Сите трафостаници покажуваат кражба од над 50 проценти, а една од трафостаниците бележи 96,1 процент загуба на енергија.
Во моментов се работи на санирање на дефектите, на „снимање“ на состојбите со трафостаниците и со мрежата, на нелегалните кабли и приклучоци, по што, велат од компанијата најавува кривични пријави за кражба на струја.
Екипи на ЕВН вчера влегоа во селото…
