Министерот за надворешни работи до септември а сега вицепремиер за европски интеграции Никола Димитров давал повеќе изјави со различни датуми за почетокот на преговори со ЕУ.
Досега ниту еден од нив не се покажал за точен.
Во дебатата за смена на Димитров која се одржува во Собранието на барање на опозицијата шефот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николовски во детали ги анализираше датумите што ги верувал пред јавноста човекот што ја води македонската европска иднина.
Никола Димитров во март 2018 рекол дека во јуни таа година очекува рамка за преговори, на 8 ноември 2018 рекол дека очекува почеток на преговори следната година, во 2020 година кога беше носител на листата на СДСМ кажал дека датумот за преговори е 16ти јули. pic.twitter.com/94gnHIGW3v
— Aleksandar Nikoloski (@AlexandarMKD) February 3, 2021