Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини, поради кој претпладнево неколку часа имаше прекин на влез и излез од земјава.

Бугарските државјани кои денеска тргнаа кон Скопје да се поклонат на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, поради паднатиот систем, им беше оневозможен влез во Македонија.


Ова предизвика тензии и расправии на граничниот премин „Деве Баир“ каде што бугарски државјани, поради неможноста да ја преминат границата, упатуваа навреди и недолично се однесуваа кон македонската гранична полиција.