Бугарскиот претседател Румен Радев ги оценил како алармантни случаите на дискриминација и системско кршење на човековите права на граѓаните на Република Македонија кои имаат бугарски идентитет, соопштија од неговиот кабинет по средствата со министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман.

Радев на средбата изразил поддршка за желбата на Бугарите во земјава да бидат вклучени во преамбулата на Уставот, како и дека очекува тие објективно да бидат прикажани во резултатите од пописот.

„За нас е важно меѓу младите од Република Македонија да не се влева омраза кон Бугарите“, рекол Радев според кого во учебниците во земјава има искривени толкувања на Бугарија и Бугарите.

Од кабинетот на бугарскиот претседател велат и дека тој задно со хрватскиот шеф на дипломатијата биле едногласни дека европската перспектива на регионот е од клучно значење во интерес на стабилноста на Балканот, но тоа мора да биде со исполнување на сите критериуми.