Синот вози Порше, сватот Ролс Ројс, зетот и внукот вртат десетици милиони евра, ќерката живее во 233 м2 а Ахмети формално е еден од најсиромашните политичари

Можно ли е неговиот син да вози Порше Панамера вредно меѓу сто и 200 илјади евра, сфатот да вози Ролс Ројс од половина милион евра, зетот да сврти десетина милиони евра за околу една година, ќерката живее во 233 м2 а Ахмети е еден од најсиромашните политичари во Македонија.

Според неговиот имотен лист поднесен до Државната комисија за спречување на корупција Али Ахмети е еден од најсиромашните политичари не само во Македонија туку и во регионот.

Додека целата негова фамилија води бизниси вкупно тешки стотици милиони евра Ахмети во својот имотен лист прикажува дека има куќа од 90 илјади евра во родното село Зајас, земјиште во Албанија вредно 30 илјади долари, неговата сопруга возило Фолксваген Поло од 2010 година кое во моментов кога е пријавено вредело 7000 евра како и околу 12 илјади евра во Комерцијална банка.

Во исто време Ахмети води партија која има целосна контрола на македонската економија а организира и спроведува тендери тешки милијарди евра.

Според последното истражување ќерката и синот на Ахмети кој за себе сака да остави впечаток на лесен и сиромашен политичар, во Скопје живеат во ексклузивен апартман со површина од 233 метри квадратни.

Ќерката и зетот на Али Ахмети живеат како богови во 233 м2 дуплекс на нафтен тајкун на ДУИ (ВИДЕО)

Насловната фотографија е од времето кога Ахмети беше обвинет дека во својата канцеларија има машина за броење пари што ДУИ веднаш го демантираше.