Јон Фрчкоски, син на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски, е поставен за помошник директор во Акционерско друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, објави порталот „Лидер“ информација од извори во компанијата.
Според извори во оваа државна компанија, младиот Фрчкоски ќе го води правниот сектор во компанијата, а неговата позиција е „помошник генерален директор“.
Според Лидер, платата за оваа позиција е нешто повеќе од 50.000 денари.
Претходно, во државната компанија ЕЛЕМ се вработија ќерката на спикерот на собранието Талат Џафери и синот на функционерот на СДСМ, Мирослав Грчев.