Синот на Бајден обвинет дека затајувал данок

 

Хантер Бајден, синот на актуелниот американскиот претседател, се соочува со нови кривични пријави затоа што не платил најмалку 1,4 милиони долари данок додека трошел милиони на раскошен начин на живот.



Според обвинението поднесено во Окружниот суд во Централна Калифорнија, тој е обвинет за три кривични дела и шест даночни прекршоци.

Обвинението од 56 страници го товари за дека затаил даноци од 1,4 милиони долари од 2016-19 година и дека финансирал „екстравагантен начин на живот“, објави Би-Би-Си.

Одделот за правда соопшти дека истрагата е во тек и доколку биде прогласен за виновен по обвиненијата, може да се соочи со затворска казна до 17 години.

Во вчерашното обвинение се наведува дека Хантер Бајден „заработил добри пари“ додека бил во одборите на украинскиот индустриски конгломерат и кинескиот приватен капитал. Но, како што растат неговите приходи, растат и неговите трошоци. Само во 2018 година, според обвинението, тој потрошил повеќе од 1,8 милиони долари, но ништо од нив за да плати данок.

Хантер Бајден е честа тема во медиумите поради неговата зависност и несоодветно однесување, како што се брзо возење или пуштање фотографии на кои е гол или користи дрога, а неговата вмешаност во украинската енергетска компанија Бурисма додека неговиот татко беше потпретседател на САД беше исто така во фокусот.

Џо Бајден негираше дека некогаш ја користел својата позиција за да му помогне на својот син.