Синоќа казни за 158 пијани возачи

Во текот на изминатата вечер (19/20.11.2022) спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 158 возачи. Од нив 30 на територија на СВР Скопје, 24 на територија на СВР Штип…

За време на контролата биле санкционирани и 217 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.