Синдикалната кошничка во август поскапа за 214 денари во однос на јули

Синдикалната кошничка за август годинава изнесува 34.342 денари, а зголемена е за 214 денари во однос на јули. 

Најмногу пари треба да се одвојат за храна и пијалоци, 14.633 денари, за домување 10.818 денари. За лична хигиена 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари. За култура 1.068 денари и за здравје 736 денари.

Доколку во семејството има еден ученик, синдикалната кошница за месец август 2021 година изнесува најмалку 42.342 денари, пресметале од Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Посебен товар за граѓаните односно на едно четиричлено семејно домакинство овој месец е и почетокот на учебната година за кој според податоците кои се официјално достапни и изнесени во јавност, родителите треба да одвојат најмалку по околу 8 000 денари по дете кое посетува настава во основно или средно училиште“, се вели во соопштението од синдикатот.

Анализите на ССМ покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите  стагнираат.