,
Борбата за заштита на работниците продолжува, откако претседателот Стево Пендаровски ги потпиша петте законски решенија усвоени во Парламентот за изградба на автопатиштата што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, меѓу кои и тој за работни односи, најавуваат од Синдикатот за градежништво според кој градежните активности ќе се изведуваат со многу повреди и жртви.
Синдикалците повторно ќе се обратат до Уставниот суд, во обид уште еднаш да се оспори оваа, сега, законска можност, пишува порталот Пари
Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање вели:
„Со сигурност можам да кажам дека овој пат, без разлика каква одлука ќе донесе Уставниот суд по нашата претставка како Синдикат, гарантирам дека ќе има многу повеќе повреди и жртви на овие градежни активности, бидејќи се трга горната граница од прекувремени часови. Не е точно дека ќе се работи редовно 40 часа, па се останато ќе се води како прекувремено. И досега имаше многу лоши искуства со огромен број работодавачи кои го прераспределуваа работното време и воопшто не исплаќаа прекувремена работа“.
Според него, законското решение само ќе ја легализира работата за една цена како редовно работно време и ќе го запазиме минимумот одмор на работниците – 12 часа дневен одмор и 24- часовен неделен одмор.