КВИНТЕТОТ МАКЕДОНИСИМО пристигна во Скопје во пресрет на македонската премиера. Македонскиот музички великан Симон Трпчески и неговите пријатели ги очекуваат сите љубители на музиката на бесплатната концертна средба, закажана за среда, 14 септември во 20 часот, на платото пред Македонската опера и балет.

Како што духовито пишува и на нивната покана, добредојдени се сите, а секој што ќе сака да седи нека си понесе и столче.

Едноставно, настан што не смее да се пропушти!