Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова со остра порака до власта за двојните стандарди кон работниците.
По порака до власта со наслов ,,ДА ЖИВЕЕ 1-ВИ МАЈ, ДЕНОТ НА НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ЧОВЕШТВОТО, ОНОЈ ШТО ЖИВЕЕ ОД ТРУДОТ!”, таа вели дека е хипокризија власта да повикува на унапредување на работничките права, а да подржува ,,БЕХТЕЛ- ЕНКА американско- турска корпоративна перцепција на социјално-економските права”.
Според договорот што владата го крие раборниците на коридор 8 и 10 Д треба да работат по 60 часа неделно што е спротивно на законот и уставот.
,,Срамно е да заборавате дека Македонија е СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА!
Молчете и слушајте барем денес, оти заслепени од моќта заборавивте на Договорот за асоцијација и стабилизација и на Копенхагешките критериуми за пазарна економија.
Отворен и транспарентен натпревар меѓу повеќе учесници, а не тајни договори за наши пари со ваш партнер!
ДОГОВОР НЕ СЕ РАСКАЖУВА, се ПОКАЖУВА, господа! Покажете ни го НАМ, на пратениците, а преку нас и на граѓаните и НИМ, на синдикатите, а преку нив и на РАБОТНИЦИТЕ!”, порачува пратеничката и професорка.