Решението на хаосот во Судскиот совет е во радикални резови смета пратеничката проф. Гордана Силјановска Давкова која ја коментира одлуката на новиот претседател на судскиот совет кој веднаш откако дојде на чело ги елиминира камерите од правосудната институција.
,,Новиот претседател на Судскиот совет, г-динот Сашко Георгиевски, ПОТВРДИ дека на овој орган МУ НЕМА СПАС! Кога сите очекувавме чекор што дава ТРОШКА надеж за излез од правната, недемократска и безидејна агонија во која е, претседателот, наместо со последните сили, БАРЕМ да направи обид за ОТВОРЕНА и ТРАНСПАРЕНТНА борба за преживување, реши да ги прогони камерите од седниците! Од лошо ПОЛОШО! Решение? За почеток, ампутација на заболеното ткиво и трансфузија!”, смета професорката Силјановска која вообичаено важи за умерена во јавните коментари за правосудните институции.