Сиљановска: За мене беше и ќе остане Република Македонија

За мене беше и секогаш ќе остане Република Македонија, вели професорката Гордана Сиљановска како одговор на прашањето дали ќе прифатите Северна и што ќе преземете во врска со новото име на државата.

На дебатата со Стево Пендаровски во емисијата “Само вистина” на Канал 5 Сиљановска вели дека таа нема да го употребува терминот Северна затоа што има право на саноопределување и затоа што е спротивен на Уставот.


Таа нема насила да урива табли и да кине документи но дека ќе ги искористи сите правни можности за враќање на името Република Македонија.

Предупредувајќи дека допрва ќе се соочиме со последиците од промената на името кои ги нарекува “Орвелијански” Сиљановска вели дека со договорот се предвидува и правна заштите одноано постапка за негово поништување која страните ја имаат на располагање.

Повеќе во видеото на Канал 5