Силјановска за ,,анти-наративот” на Османи: Владата е веледрогерија на лаги

Во коментар со наслов ,,АВТОДИЈАГНОЗА” професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова ја анализира изјавата на шефот на дипломатијата кој ги обвинува тие што не го прифаќаат францускиот предлог:

Каква ЗЕЛЕНА политичка дијагноза даде министерот за надворешни работи, велејќи : „ анти-наративот за францускиот пакет е резултат на неточни и погрешни толкувања.“ Кој наратив, каков наратив?

Бесмислен новоговор!

Само тој знае што значи синтагмата „ анти- наратив“. Можеби, како лекар мислил на антидепресив, по невидено криење на информации и пласирање дезинформации и невистини! За жал, ТОЈ ги криеше информациите, ТОЈ не дезинформираше, а Генчовска не информираше, демантирајќи го!
Се разбира, оној кој крие, измислува и замислува, ТРЕСЕ ЗЕЛЕНИ!

Владата е веледрогерија на лаги, а ЛАЖЕЊЕТО стана автоимуна болест на оваа власт!

Помните ли дека „ ПОЧЕТОКОТ на преговорите“ овие илузионисти со нивните КЛИЕНТИ веќе ГО ПРОСЛАВИЈА: еднаш сами во авионот, а втор пат, со песни и игри пред споменикот на ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

ТИЕ се ТРИ во едно: БАЈ ГАЊО, НАСТРАДИН ОЏА И ИТАР ПЕЈО!

Проф. Гордана Силјановска Давкова