Силјановска: Устав не се менува по барање на некој од надвор

Има ли повистинско место да говорите за правото и правата во Македонија од – Македонски Брод.

Со овие зборови вечерва кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска се обрати пред граѓаните на овој град.

„Минатата година Уставот на РМ се менуваше не заради граѓаните, не заради добрата функционална држава, не заради подобар економски, политички, правен живот, туку заради промена на името. И тоа во Преамбулата.

Во преамбулата каде се кажува за славното минато, за Крушево, за Илинден, за првата република, за Втората светска војна, за целите што ни се најважни“, рече вечерва пред граѓаните во Македонски Брод, кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова.

Таа како примери ги даде САД и Швајцарија за кои вели дека и по повеќе од 200 години преамбулата во уставите на овие две земји не е променета.

„А овие сега на власт велат дека од секогаш било природно да се викаме Северна Македонија… “

Силјановска рече дека за повеќе од 200 години Американците 27 пати го смениле Уставот, а ние го сменивме Уставот 36 пати од 1991 година, ама само 2 пати однатре, еднаш заради протворот и еднаш заради правосудството.

Сите други измени доаѓаат на барање од надвор“, рече Силјановска.