Професорката Силјановска на свој начин го коментира изборот на Ислам Абази обвинител близок на ДУИ за шеф на Јавното обвинителстовото за организиран криминал кој воопшто немал програма за работа.

Насловот на краткиот коментар на професорката по уставно право и политички систем и пратеничка е ,,ТАЖНА ВЕСТ”.

,,На 07.11.2022, при изборот на новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал, извршен е тежок напад врз божицата на правдата од страна на неколку десетина лица кои требало да ја бранат. Iustitia е тешко повредена и се бори за живот. Нападот е резултат на добро организирани партиско – политички -обвинителски врски и игри. Сторителите се познати, оти Iustitia, при нападот го тргнала превезот од очите и ГИ ВИДЕЛА!”, пишува Силјановска со доза на иронија за изборот на Абази кој тврдеше дека не го познава својот соселанец од Зајас Али Ахмети ниту некој функционер на ДУИ.

Абази беше фатен дела лаже за неколку часа кога медиумите објавија негови приватни фотографии со братот на Али Ахмети, Невзат Бејта и други функционери на ДУИ.