Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова со пост со наслов “ШКОЛСКО ПРАШАЊЕ ЗА „ПРОФЕСОРОТ“ ГРУБИ”, го анализира однесувањето на таканаречениот прв вицепремиер и неговата партија ДУИ.

“Живо сум заинтересирана во која ЕВРОПСКА ПАРТИСКА ФАМИЛИЈА /ГРУПА членува и ги усогласува „европските погледи“ „НАЈПРОГРЕСИВНАТА И НАЈЕВРОПСКАТА ПАРТИЈА“- ДУИ, за разлика од „АНТИЕВРОПСКАТА И РЕГРЕСИВНА“ ВМРО-ДПМНЕ?
БЕЛКИМ, АРТАН и компанијата не мислат дека ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА, чиј рамноправен член е ВМРО-ДПМНЕ е АНТИЕВРОПСКА политичка сила? Помни ли господинов, кој ГРУБО МАНИПУЛИРА со европските вредности, со кои нема НИШТО ЗАЕДНИЧКО, КОЈ И КОГО подржа најмоќната ЕУ групацијa НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ, ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ?”, пишува професорката за позицијата на ДУИ во европски рамки.

ДУИ досега не е примена во ниту една европска партиска групација од тие што се дел од Европскиот парламент.

Дел од причините се во фактот дека ДУИ настана од Воена организација која во своите првични “комуникеа” зборуваше за “чистење на земјата од славомакедонски окупатор” а своевремено шефот на НАТО Робертсон ја нарекуваше терористичка.

И покрај тоа што ДУИ пред неколку месеци се промовираше како зелена партија таа се уште не е член на Европската зелена партија која важи за носител на идеите на пацифизмот во Европа.