Професорката и актуелен пратеник Гордана Силјановска Давкова е зачудена од, како што вели, „премиерската детска радост“ на претседателот на владата Димитар Ковачевски кој е „вознесен“ од можноста да говори на македонски јазик.
„Зарем досега, каде и да одеше не читаше и не зборуваше на македонски јазик“? – прашува во објава на социјалните мрежи Силјановска.
„Па, знае ли човеков дека според Уставот, не само на целата територија, туку и во меѓунардоните односи, службен јазик е МАКЕДОНСКИОТ И НЕГОВОТО КИРИЛСКО ПИСМО?
Згора, кога ветува човеков измена на Уставот, заборава дека не е уставотворец, туку дека Владата може да предложи измени, ама СОБРАНИЕТО, со 2/3 мнозинство ги донесува“, потсетува професорката.
„Што му е на др Османи, алиас Џекил и Хајд? Ќе го објавел протоколот кога ќе го потпишел, а потем ќе не известел. Заборави од кого му извира легитимитетот: од нас, не Буграскиот парламент, не од Генчовска, не од ЕУ.
Аминувачите на „Информацијата за содржината на Францускиот предлог“ (каков наслов!!) не изразија потреба да го видат ПРОТОКОЛОТ пред да гласаат, водени од безрезервната подршка на „најдобриот“ министер за надворешни работи, или на докажаниот пријателски, добрососедски однос на министерката Генчовска, односно на подршката на протоколот од страна на предлагачот на рамката!
Мачно е сознанието на оние кои ги претставуваат граѓаните дека тие не го виделе Протоколот, ама го виделе амбасадорите“, вели Силјановска.
